За младински НВО кои имаат интерес да работат во областа на социјалната исклученост на младите
Првата фаза на проектот предвидува градење на капацитети на младински НВО преку:
обука на обучувачи на млади активисти мултипликатори во областа на социјалната исклученост на младите; менторска поддршка на искусни НВО во областа во развој на предлог проекти.
Проектните идеи треба да бидат кратки и јасни, да понудат одговор на одредени прашања во однос на намалување/ублажување на социјалната исклученост на младите. Периодот на спроведување на предложените активности треба да изнесува најмногу 6 месеци со вкупен буџет до 6000УСД. Предност ќе имаат предлози кои вклучуваат учество на повеќе заинтересирани партнери во намалување на социјалната исклученост на младите.
Во рамките на втората фаза, поуспешните предлог проекти ќе бидат финансиски поддржани.
Младинските НВО можат да пријават најмоногу 2 свои членови за учество во обуката за обучувачи. Обучените обучувачи, во понатамошните фази на проектот, имаат обврска стекнатото знаење да го пренесат во рамките на својата НВО и пошироко.
Пријавата можете да ја превземете од следниов линк:
http://soros.org.mk/dokumenti/2007/Prijava_za_proektna_ideja_i_ucestvo_vo_obuka_na_obucuvaci.doc