Во рамките на Центарот за поддршка на НВО-Гевгелија работи Младинскиот клуб „БУМ“ (Бран Успешна Младина). Младинскиот клуб го сочинуваат ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија. Цел на овој клуб е младите луѓе да покажат активно учество во решавањето на проблемите кои ги опкружуваат и ќе превземаат локални иницијативи со цел даго подобрат квалитетот на својот живот и целокупниот живот во своите заедници.
Младинскиот клуб ќе реализира младински настани, изложби, концерти, промоции, едукации, тренинзи, јавни дебати, дебатни клубови, радио работилници, видео клипови, интернет акции, петиции, средби со граѓаните и средби со локалните самоуправи, единствено во насока на развој на локалната младинска иницијатива,решавање на младинските проблеми и учество во одлучувањето на локално ниво.
Младинскиот клуб е дел од проектот „Младите за отвореното општество – Локална младинска иницијатива кој го спроведува Младински образовен форум [МОФ], ФИОО-М иЦентарот за поддршка на НВО-Гевгелија.
Покрај редовните неделни средби, Младинскиот клуб БУМ ги има реализирано следните настани:„Исправи ја грешката “, реализиран во јуни 2008 година при којмладите го кренаа својот гласза потребата од спортска сала во Гевгелија и ги поттикнаа
надлежните институции да го решат овој проблем. „Културен викенд“, реализиран во февруари 2009 година при којмладите покажаа и докажаа дека самостојно можат да подготват, организираат и спроведат културен настан наречен Културен викенд, само доколку релевантните институции им обезбедат услови за нивна самоактуализација и афирмација.
„Внимавај, Дрогата убива!, реализиран во јуни 2009 година, при којмладите преку уличен марш и работилнициинформираа и промовирааводење на здрав живот,здрави животни стилови и справување со болести на зависност.
Младинскиот клуб БУМ активно учествува и во реализирање на проектот „Акција за Европа“, чија цел е да придонесе кон подигање на свеста кај јавноста за важностаза забрзување напроцесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија.
28.10.2009 | Работилница на тема: „Промоција на прирачници “
На 28 ми октомври 2009 год. во просториите на Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија се одржа работилница на тема: „Промоција на прирачници“. Целта на работилница беше учесниците на работилницата да се запознаат со прирачниците подготвени и публикувани во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина –Граѓани со еднакви права, можности и заштита„. На присутните на работилницата им беа дистрибуирани три прирачника: Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во РМ, Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничката припадност и Извештај од набљудување на локалната администрација јануари 2008-јуни 2009 година. Издавач на овие прирачници е Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.Фасилитатор на работилницата беше Катица Хаџи-Николова, локален координатор во Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија. На работилницата присуствуваа 22 учесници, 16 претставници од НВОи и 6 претставници од институции од општините Дојран, Валандово и Гевгелија.Присутните беа запознаени со содржините во прирачниците, а посебно внимание привлече Извештај од набљудување на локалната администрација каде беа мониторирани општините Валандово и Дојран. На работилницата имаше дискусија за тоа колку припадниците од Турската националност се дискриминирани во општините Валандово и Дојран и колку новоформираните Комисии за односи меѓу заедниците знаат како да функционираат и како да ги решаваат проблемите на етничките заедници. Како главни општествени сегмненти каде припадниците од Турската националност се дискриминирачко третирани се кога бараат информации од локалната администрација и кога бараат вработување.
22.10.2009 | КОНФЕРЕНЦИЈА: Децентрализацијата – можност за потолерантни општини
Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) на 22 октомври 2009 година, во Скопје, се одржа завршната конференција на проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита”, финансиран од Европската комисија и ФИООМ. На конференцијата „ Децентрализацијата – можност за потолерантни општини“, говореа Ерван Фуере, шеф на Делегацијата на Европската комисија и специјален претставник на Европската Унија во Македонија, Филип Фикер, aмбасадор на САД во Македонија, Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ и Хајрије Ахмед, претседател на здружението „Заеднички вредности” од Скопје. На конференцијата се дискутираше за резултатите од набљудувањето на локалната администрација, спроведено од јануари 2008 до јуни 2009 година, во 24 македонски општини. Панелисти на дискусијата за предизвиците за Македонија на патот кон толерантно општество беа Мерсел Биљали, професор на ФОН, експертите за човекови права Жарко Трајаноски и Мирјана Најческа, како и Насер Вејсели, Заменик народен правобранител, регионална канцеларија Куманово.
Центарот за поддршка на НВО – Гевгелија организира посетеност на претставници на невладини организации ијавни институции од општините Гевгелија и Валандово.
Во периодот од 20-21.10.2009 години во просториите
на Центар за поддршка на НВО - Гевгелија беше организирана обука на тема „ Финансиска
одржливост„. Обуката е дел од серијата планирани обуки во проектот „ Граѓанско општетсво-клуч
за демократија “.
Проектот се имплементира од Регионален центар за одржлив развој (поранешен Центар за
поддршка на НВО ) – Гевгелија во соработка со Амбасадата на САД.
Целта на обуката е
учесниците да се стекнат со знаења и вештини за прибирање на средства. Обуката
ги вклучува следните теми:Прибирање на
средства, Развој на филанторпија, Техники на прибирање на средства, Форми на
корпоративно партнерство, Финансиска одржливост.
Обучувач на обуката беше Игор Тасевски.
На обуката беа присутни
18 учесници, претставници на невладини организации од регинот на Гевгелија, 6
претставници на НВОи од Валандово, 2 претставника на НВО од Дојран и 10 претставници
на НВОи од Гевгелија.
На ден 15-16.10.2009 Центар за поддршка НВО –
Гевгелија организира две еднодневни работилници на тема: „Примена на техниките за енергетска ефикасност“. Работилниците се
е дел од проектот „Гевгелија-енергетски
ефикасна општина“ финансиран од Центар за поддршка НВО – Гевгелија, Општина
Гевгелија и Глобален еколошки фонд (ГЕФ), Програма за мали грантови.Цел на работилниците беше
учесниците да се стекнат со теоретски и практични знаења за енергетската ефикасности како да се заштеди енергијата
во секојдневната работа со примена на техники на енергетска ефикасност. Првата
работилница беше организирана во просториите на Центар за поддршка НВО –
Гевгелија каде учесниците беа запознаени со темите: Енергетска ефикасност во приватни
и јавниобјекти, Обновливи извори на
енергија, Сонцето како алтернативен извор на енергија, Креирање на локални политики за
енергетскаефикасност и Основање на мали
бизниси.
Првиот ден
беа присутни вкупно 35 учесника, претставници на образовни институции од
општините Гевгелија, Валандово и Богданци, НВОи и јавни институции.
Втората работилница беше организирана во
просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“ каде учесниците имаа практична обука за
поставување на силиконски ленти, практична обука за CFLсветилките и реализираа обиколка на објектот и презентирање на можни мерки
за енергетска ефикасност. На оваа практична работилница присуствуваа 50
учесника, претставници на образовни институции од општините Гевгелија,
Валандово и Богданци, НВОи , јавни институции и претставници на локалната власт.
Обучувач на работилниците беше Илија Саздовски од
ЗГ „Проактива“ од Скопје.
30.09.2009 | Обука: Лобирање/Застапување
Во периодот од 29-30.09.2009 години во просториите на Центар за поддршка на НВО - Гевгелија беше организирана обука на тема „ Лобирање/Застапување„. Обуката е дел од серијата планирани обуки во проектот „ Граѓанско општетсво-клуч за демократија “. Проектот се имплементира од Регионален центар за одржлив развој (поранешен Центар за поддршка на НВО ) – Гевгелија во соработка со Амбасадата на САД.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за лобирање/застапување. Обуката ги вклучува следните теми:Лобирање, Застапување, Соработка и партнерство со медиумите, Кампања. Обучувач на обуката беше Марио Вељковиќ.
На обуката беа присутни 21 учесници, претставници на невладини организации од регинот на Гевгелија, 7 претставници на НВОи од Валандово, 2 претставника на НВО од Дојран и 12 претставници на НВОи од Гевгелија.
.
22.09.2009 | Обука на тема : „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“
Обуката на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“се одржа на 17 и 18 септември 2009 година во хотел „Романтик“ - Велес. На обуката беа присутни 26 претставници на Локални самоуправи, претставницина Совети и КОМЗ, институции и НВОи од општините Гевгелија, Валандово, Прилеп, Долнени и Крушево.Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаењаза процесот на децентрализација и како да се управува со мултиетнички заедници. Обуката се реализираше во пријатна атмосфера, при што учесниците беа активни, заинтересирани и креативни, целосно посветени на содржините.
Обуката беше проследена со теорија за децентрализацијата, практични примери и вежби. Најмногу дискусија предизикаа следните содржини: колку општините ги почитуваат законските акти на локално ниво, каква е соработката помеѓу општините и Владата, неактивноста на граѓаните во работата на ЕЛС, за надлежностите на Советот и Градоначалникот, за традиционалните обележја на етничките заедници и за разликите помеѓу интегративниот систем и консоцијализам. Учесниците беа многу задоволни од организирањето на обуката и нивен предлог е и понатаму да се продолжи со организирање на обуки во сите општини.
Обуката беше организирана од страна наФИООМ во соработка со Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија и Фондацијата за поддршка и развој – Прилеп(поранешни Центри за поддршка на НВО).
10.09.2009 | Дебата: „Со нашите пријатели поблиску до ЕУ“
На 9 тисептември, во Гевгелија, продолжи третиот циклус на настани од проектот Акција за Европа“, насловен како „МК@EU“ на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Центарот за поддршка на НВО- Гевгелија , дебатата насловена„Со нашите пријатели поблиску до ЕУ“ ја организира во „Пионерски дом“ – Гевгелија. Присутните ги поздрави Градоначалникот на општина Гевгелија г-дин Иван Франгов. На дебатата говореа амбасадорот на Република Грција во Македонија, Александра Пападопулу, претставникот од Грчкиот центар за европски студии и истражување Никос Франгакис и претседателот на МЦЕО, Андреја Стојковски. Амбасадорката Пападопулу, во своето излагање, говореше за потенцијалите на стратешкото партнерство меѓу двете држави, грчката билатерална развојна помош, директните инвестиции во висина од 1 милијарда евра, како и за грчкиот Развоен фонд за Балканот, од каде што Република Македонија е корисник на средства. Никос Франгакис, со граѓаните на Гевгелија, го сподели искуството од пристапувањето на Република Грција во Европската Унија, а говореше и за тоа колку може да се научи од процесот на преговарање. Андреја Стојковски ги запозна граѓаните на Гевгелија со претстојните чекори на македонските евроинтеграции, и со тоа што не чека по препораката за добивање датум за преговори. На дебатата присуствуваа 100 луѓе, претставници на ЕЛС, советници, претставници на јавни институции, претставници на цивилниот сектор, претставници на бизнис заедницата и ученици од основни и средни училишта од општините Гевгелија, Валандово и Богданци. Граѓаните имаа можност да се запознаат со значењето на пристапните преговори за членство во ЕУ, преку дебатна симулација, на членовите на МОФ. На крајот од целодневниот настан, најмалото театарче на светот „ Зелената гуска“ ги забавуваше најмладите граѓани на Гевгелија.
12.07.2009 | Обука: Пишување на предлог-проект
Во периодот од 08-09.07.2009 години во просториите на Регионалниотцентар за одржлив развој – Гевгелија (поранешен Центар за поддршка на НВО ) беше организирана обука на тема „ Пишување на предлог-проект„. Обуката е дел од серијата планирани обуки во проектот „ Граѓанско општетсво-клуч за демократија “. Проектот се имплементира од Регионален центар за одржлив развој (поранешен Центар за поддршка на НВО ) – Гевгелија во соработка со Амбасадата на САД.
Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за пишување на предлог-проект. Обучувач на обукатабеше Игор Тасевски.На обуката беа присутни 23 учесници, претставници на невладини организации од регинот на Гевгелија, 11 претставници на НВОи од Валандово, 1 претставник на НВО од Дојран и 11претставници на НВОи од Гевгелија.
.
06.07.2009 | Одржан вториот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце” во Струга
На брегот на Охридското езеро на 4-ти јули 2009 год. во автокампот „Ас” во Струга се одржа вториот мултиетнички хепенинг, кој е дел од кампањата „Под исто сонце” за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Повеќе од 6000 посетители имаа можност да се запознаат со културата и традицијата на различните етнички заедници кои како обележја беа промовирани од страна на невладини организации, институции, културно-уметнички друштва, женски организации и музеи. Манифестацијата официјално ја отворија Н.Е. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската Комисија и Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Оваа година беше презентирана исклучително богата програма со фолклорни игри, народни носии и ракотворби, експонати, кулинарски специјалитети во чии рамки беа вклучени сите етнички заедници кои живеат во земјава. Во рамките на хепенингот покрај културно-забавната програма беа организирани две панел дискусии во Евроколеџот во Струга: „Сегрегацијата во образованието – предизвик за мултиетничкото општество“ и „Дали Охридскиот рамковен договор донесе подобрување на меѓуетничките односи?“.Како завршница , од 20:00 до 01:30 часот на плажата од автокампот „Ас” настапија Мајка бенд, Паркети, Бени & Нон Стоп и Кирил Џајковски, како и најмалото театарче на светот „Зелената гуска”. Настанот го организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со НВО „Заеднички вредности” и 12-те поранешни Центри за поддршка на НВО во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската Комисија и ФИООМ.
Од регионот на Гевгелија со свои штандови и настапи се претставија , Организација на жени од Валандово,КУД „Младост“ од Валандово, КУД Бахар од Валандово и Градски хор Гортинија од Гевгелија.